На средбата, како што информираат од Кабинетот на Претседателот, Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи ги силните партнерски односи во НАТО, во време кога се соочуваме со глобални предизвици.
Пендаровски, исто така, ја истакнал важноста на севкупната британска поддршка за реформските процеси во нашата држава, во функција на аспирациите за членство во Европската Унија.
На средбата, како што информираат, се разговарало и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.