Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање

Развојот на една држава не секогаш може да се одредува по нејзиниот економски раст. Понекогаш една држава може да изгледа како развиена само поради менталитетот на луѓето. Од друга страна пак, повеќето држави во развој имаат навистина позитивен став кон околината.
Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање
Сè започна со Бангладеш и тамошната забрана на пластиката за една употреба. Потоа се појавија и обидите за пошумување на Индија и Кина. Сега, на Филипините се донесе закон според кој секој ученик што завршува средно, треба да засади 10 или повеќе дрвја. Дури тогаш ќе му биде признато образованието.


Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрва пред матурирање
Традицијата на садење дрвја е формализирана со овој закон и е одличен чекор кон борбата со климатските промени. Според предвидувањата, доколку законот навистина се следи, од една генерација ќе бидат засадени околу 525 милијарди дрвја. Имено, повеќе од 12 милиони студенти завршуваат основно, 5 милиони средно и 500.000 завршуваат факултет. Па така, во една година, возможно е да се засадат барем 175 милиони дрвја. Математички, без проблеми би се засадиле околу 525 милијарди дрвја.
Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање
Дрвјата ќе бидат садени на посебни места – во постоечки шуми, на напуштени рудни области, во урбани средини одбрани од властите и други заштитени области.


Одбраните видови ќе бидат локални дрвја кои најдобро одговараат на местото, топографијата и климата. Ќе се преферираат локални дрвја.
Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање
Овој закон не само што ќе има влијание врз акумулирањето на јаглерод диоксид во нашата околина, туку ќе донесе и еколошка рамнотежа. Кога ќе се земе предвид нашето уништување, оваа рамнотежа е повеќе од потребна.
Средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање
Доколку законот се следи правилно, Филипини може да стане и пошумен регион. Речиси и да не пости држава на којашто ѝ е потребен овој закон повеќе. Имено, Филипини е една од државите со најмалку шуми и во изминатиот век нивниот број се намалил од 70% на 20%. Поради малиот број дрвја, постојат повеќе поплави и лизгања на земјиштето кои дополнително ги оштетуваат останатите шуми и дрвја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.