Неделен хороскоп од 26 ноември до 2 декември
Во недела планетата Меркур го напушта знакот на Стрелец за да се врати, ретроградно во Шкорпија. Среќни денови се предвидени за водните знаци, а не толку среќни за Биковите, Лавовите и Водолиите. Во љубовта, воздушните знаци ќе бидат главни протагонисти. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 26 ноември до 2ри декември.
Овен – Чувајте ги нервите!
Не грижете се ако на сентиментален план работите ви тргнат во погрешна насока. Месечината е негативно поставена во понеделник и ќе ви создава лошо расположение, но веќе од вторник ситуацијата се подобрува. Внимавајте на денот недела – Месечината и Венера ќе бидат во опозиција и би требало да ви донесат големи кавги со партнерот, затоа не впуштајте се во никакви дискусии и сочувајте си ги нервите.
Бик – Искористете ја неделата
Сигурни сте дека направивте се за да ги истуркате напред вашите проекти? Не губете време, зашто се до денот недела, ѕвездите се подготвени да ви помогнат, носејќи ви контакти и отворајќи ви можности. Но, од недела, цела следна недела Меркур ќе биде во опозиција и ќе ви создава блокади. Најсреќни денови во неделата за љубов – дури четири дена! – понеделник, среда, четврток и петок.
Близнаци – Издржете уште малку на работен план
Уште шест дена Меркур ќе биде во опозиција и потоа, конечно ќе почувствувате големо олеснување на деловен план. Почнувајќи од денот недела ќе стане се многу полесно за реализирање и ќе воспоставите стабилни односи со претпоставените и колегите. За сега, сметајте само на позитивните денови вторник и среда, најсреќни во неделата, и избегнувајте да барате одговори и причини за бавноста на проектите.
Рак – Супер понеделник!
Вашата недела ќе почне со суперсреќен ден, понеделник, со Месечина во конјукција. Очекувајте убава вест или неочекувана прилика. Среќни на работното место ќе бидат и понатаму деновите, како четврток, петок и сабота. Единствено што љубовта нема да ви цути, ќе почувствувате тензии, бидејќи Венера е неповолна. Избегнувајте кавги со партнерот особено во централниот дел на неделата.
Лав – Среќна недела
Ова за вас е еден среќен период и на работното место и на сентиментален план. Деновите вторник и среда, со Месечина во конјукција, ќе бидат навистина прекрасни – очекувајте убави вести, средби и нови прилики кои треба да ги искористите! Од следната недела, за жал, на работното место може да се појави проблем бидејќи Меркур ќе стане неповолен – затоа максимално искористете ја неделата се до петок.
Девица – Трпение
Драги Девици, уште малку вооружајте се со трпение – се до денот недела кога планетата Меркур ќе престане да ви создава невкусни шеги пред се на работното место. Веќе од следната недела ќе почувствувате големо олеснување. Во меѓувреме, уживајте во прекрасната Месечина особено во четврток, петок и сабота. Станува збор за три дена преполни со големи емоции во кои љубовта ќе биде главен протагонист.
Вага – На врвот
Драги Вагички, за вас оваа недела ќе биде спокојна и полна со убави изненадувања. Венера во конјукција ви ветува големи емоции и незаборавни средби, додека Меркур – позитивен се до денот недела – е подготвен да ви даде нови прилики, успеси и потврди на работното место. Недела – суперсреќен ден со Месечина во знакот. Единствен недостаток – понеделник, кој изгледа ќе биде малку нервозен ден.
Шкорпија – Добредојде Меркур!
Одлични вести за вашиот знак – почнувајќи од денот недела, планетата Меркур ќе се врати во вашиот знак. Затоа, подгответе се за следните недели, и простете им на ѕвездите што оваа недела нема да ви бидат толку наклонети. Но од следната недела, ветуваат дека ќе застанат на ваша страна со силна поддршка и ќе ви донесат големи промоции и успеси. Во меѓувреме, имајте трпение и избегнувајте тензични сутуации особено во вторник и среда кога Месечината е неповолна. Најсреќен ден во неделата – понеделник.
Стрелец – Не губете време
Драги Стрелци, оваа недела ѕвездите ви советуваат да не губите време. Меркур останува во конјукција со вашиот знак се до денот недела и ќе ви помогне да постигнете се што сакате особено на деловен план. Љубовта пак е фаворизирана од прекрасен аспект на Венера која ќе ви донесе преубави средби и страсти, посебно во деновите вторник, среда и недела.
Јарец – Внимавајте со партнерот
Венера за жал е неповолна и ќе продолжи да ви создава љубовни грижи. Со партнерот тензијата ќе станува поголема, но од средината на неделата ќе успеете да најдете разбирање и смирување. Сепак, многу нервозен ден е понеделник. Убави вести пак, следуваат на работно поле, но и за нив треба да се воздржите до следната недела, кога Меркур (од денот недела) ќе престане да биде неповолен.
Водолија – Искористете го максимумот на Меркур
Искористете ја до максимум убавата позиција на Меркур кој е многу наклонет на вашиот знак и таков ќе биде до недела. Од следната недела нема веќе се да ви оди лесно од рака, особено на деловен план. Венера пак, е многу поволна исто така, и ќе придонесе вашата врска да стане постабилна. Внимавајте само на недоразбирања во нервозните денови вторник и среда.
Риби – Уште сте на проба
Уште една недела во која Меркур е неповолен, играјќи си со вашите нерви на деловен план. Но работите значително ќе се подобрат од денот недела и ќе одат на подобро целата следна недела – се што сега ви изгледа невозможно и нерешливо, одеднаш ќе најде свое решение. Стиснете ги забите – особено во деновите четврток, петок и сабота кога неповолната Месечина ќе ви создава дополнителни проблеми.