Полицијата во Србија ја приведе пејачката Анабела и нејзиниот сопруг Андреј Атијас поради насилство во семејството.
Имено Анабела според неофицијални информации пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг утрово околу четири часот ја нападнал, откако се скарале поради кучето, а потоа нејзиниот сопруг ја удрил по главата.
По ова пејачката не останала рамнодушна па му вратила на сопругот и го изгребала.
Се претпоставува дека Андреј бил пијан, а полицијата ги привела двајцата и тие се на сослушување.