Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш се двете српски пејачки и другарки што се заразија со коронавирусот и веќе две недели се заедно во изолација, пренесува порталот „Србија данас“.
И додека состојбата на Чуктераш на големо се подобрува, онаа на Тодоровиќ и понатаму е лоша, пишува споменатиот портал.
Имено, пејачката уште од почетокот на јули има многу изразени симптоми на коронавирусот – истоштеност, омалаксаност, болка во мускулите, кашлица, кивавица и покачена телесна температура. Токму високата температура придонесува да се чувствува без сила иако на сите начини се обидува да ја смали и да оздрави.
И покрај тоа што прима терапија, ги пие лековите пропишани од лекарот, пејачката и на други начини се обидува да го подобри здравјето, но ништо не се покажа како делотворно засега.
Токму затоа, нејзиното семејство е загрижено за здравјето на својата миленица, а ние искрено посакуваме побрзо да оздрави.