Српскиот кошаркарски судија, Милан Мажиќ, го шокира регионот со изјавата на неговиот профил на Твитер. На соседите Хрватите и Словенците тој им посакал да умрат!„Браво Раднички. Да им покажеме на Словенците и Хрватите дека играме најдобра кошарка, иако не можеме да ја водиме и да ја организираме лигата. Па нека умрат“, напишал Мажиќ по победата на Раднички над Цибона, по две продолженија со 105:101.По оваа изјава на Мажиќ на потег е раководството на АБА лигата, која реагира и парично казнува на секоја изјава во која се коментира судењето.
Макфакс Српскиот кошаркарски судија, Милан Мажиќ, го шокира регионот со изјавата на неговиот профил на Твитер. На соседите Хрватите и Словенците тој