Српскиот министер Весиќ, кој најави оставка, доби понуда за работа од сопственикот на ТВ Пинк

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, јавно му понуди работа на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, кој најави оставка по трагедијата во Нови Сад.

Митровиќ му понуди на Весиќ „една од највисоките позиции во управувањето на Пинк Медиа Груп“.

„Го познавам Горан добро и ги знам неговите квалитети и сигурен сум дека тој е еден од топ десет највредни, најпосветени и најталентирани луѓе во земјата. Ќе биде чест за мене, ако Весиќ нема други планови, да ја прифати една од највисоките позиции во раководството на Пинк Медиа Груп”, напиша Митровиќ на „Икс“.

Foto:Dragan Mujan/Nova.rs

Пронајдете не на следниве мрежи: