„Станувам во 6 часот, па ми текнува дека немам деца кои морам да ги носам на училиште“: Видеото на познатата комичарка за животот на жените без деца на удар на жестоки критики

Холивудската комичарка Челси Хендлер неодамна сподели видео на своите социјални мрежи со наслов „Еден ден во животот на жените без деца“, сатирично покажувајќи како општеството ги замислува животите на дамите кои не се оствариле како мајки.

„Се будам во 6 часот наутро, но потоа ми текнува дека немам деца кои треба да ги носам на училиште. Затоа земам колаче со марихуана, мастурбирам, па се враќам на спиење. Повторно се будам во 12:30 часот и се подготвувам за напорниот ден во кој ќе правам што и да посакам“, гласи почетокот на скечот на славната комичарка.
Челси во видеото се фали како носи елегантни, иако непрактични високи потпетици, бидејќи не мора да трча по деца цел ден. Потоа споменува дека ќе оди до Париз за да купи кроасан и дека ќе отиде и до Монт Еверест на кратко планинарење. Комичарката истакнала и дека ќе медитира во авион бидејќи околу неа нема деца кои врескаат. Не ги заборавила ни ноќните забави, акцентирајќи дека има слобода да излегува и да има сексуални односи со кој и да посака.

Таа ја поентирала оваа сатирична снимка со изјава за тоа дека пронашла временска машина со помош на која отпатувала во минатото и го убила Хитлер.
„Неверојатно е што сè можете да направите кога имате волку слободно време“, заклучила Челси во видеото.

И покрај фактот дека целиот скеч е обоен со јасна хипербола и истиот служи како своевидна критика за оние кои не го прифаќаат изборот на жените да немаат деца, оваа комичарка се најде на удар на прилично агресивни коментатори.
„Ова е навистина тажно“, „Таа на овој начин всушност ги оцрнува оние кои имаат деца. Им се потсмева. Мислев дека идејата дека некои луѓе мразат деца е глупава, но изгледа има вистина во тоа“, „Јасно е дека оваа жена не ужива во себе“, се само дел од коментарите.

Хендлер решила да не ги премолчи ваквите напади, па им одговорила во следното видео:
„Зошто воопшто треба да имам сопствени деца кога постојано ги слушам овие плачковци?“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.