Едреник стар 85 години кој припаѓал на Морнарицата на Кралството Југославија – причина за раздор од невидени размери помеѓу Хрватска и Црна Гора. Хрватска бара да и се врати во спротивно ќе го блокира влезот на Црна Гора во ЕУ, а оваа решително го одбива тоа.
Големиот едреник “Јадран“ долг 60 метри во моментов е вкотвен на пристаништето во Тиват и е во сопственост на флотата на Црна Гора.
Недоразбирањето доби толку големи размери што Хрватска дури и се заканува на Црна Гора дека ќе го блокира нејзиниот влез во ЕУ токму заради тој едреник. Бродот пред војната бил вкотвен на пристаништето во Сплит, за потоа во 1990 година да биде однесен на поправка во Црна Гора. Хрватска тоа го демантира, тврдејќи дека тој од секогаш бил во Сплит и мора да се врати таму, затоа што и е нелегално одземен.
За реновирање на едреникот, кој во минатото бил школски брод за обука во Кралството Југославија, црногорската Влада во 2013 г. вложила значајни средства.
Исто така Црна Гора аргументирано тврди дека со Договорот по војната во 90-тите години целата воена опрема и средствата остануваат во државите каде што се нашле, според што бродот стар 85 години и припаѓа нејзе.