Тестирани се вкупно 13.213 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, незначително зголемување во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=559, 20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=522; 19,5%), 20-29 (n=470; 17,6%), над 60 (n=469; 17,5%) и 50-59 (n=443; 16,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=79; 3,0%) и 10-19 години (n=134; 5,0%).
Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови, зголемување од 58,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,9%), малаксаност (42,6%), кашлица (38,8%), главоболка (17,1%), болка во грло (15,9%), треска (12,3%), ослабен осет за мирис и/или вкус (12,2%), мускулна болка (10,5%) и отежнато дишење (10,3%).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.