Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, донел одлуки за кадровска реконструкција на клучни позиции во системот на раководење на управата.
Ова го потврди и самиот Стефан Богоев без да ги коментира причини за кадровската реконструкција.
Направени се измени на раководната функција на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничните премини „Блаце“ и „Табановце“.
Стефан Богоев стана директор на Царинската управа пред извесно време. Пред него со оваа институција раководеше Славица Кутиров.
Пронајдете не на следниве мрежи: