КРЕМЉ се изнервираа од изјавата на Зеленски дека Путин не е жив

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за време на обраќањето во живо на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Украина ќе го земе Крим од руската влада, а потоа го спомна и Путин.

„Не сум сигурен дека претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува со помош на техниката ,,хрома ки” (фотомонтажа) е навистина тој. Не сум целосно сигурен дека е жив и одлучува за работите, односно, не знам кој воопшто одлучува таму. Какви луѓе се тие? Немам такви информации“, рече тој и додаде:

„Не разбирам баш како можете да им ветите едно нешто на европските лидери, а следниот ден да започнете целосна инвазија на нашата земја. Сè уште не разбирам со кого си имаме работа. Кога велиме „мировни разговори“, јас не не знам ни дали ќе имаме разговори. Не разбирам баш ни соо кого треба да преговараме“, рече Зеленски.

Кремљ одговори дека постои и ќе продолжи да постои.

„Јасно е дека и Русија и Путин се голем проблем за Украина и за Зеленски, и јасно е дека господинот Зеленски, чисто психолошки, во својата глава, би сакал да не постојат ниту Русија, ниту Путин“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Да потсетиме, како што објави ,,Киев Индипендент”, има луѓе кои веруваат дека Путин користи некои аудио-визуелни техники за време на телевизиските настапи за да изгледа како да е на одреден настан, а всушност е на безбедно место.

Она што предизвикува дополнителни сомнежи за здравјето на Путин е отсуството на фотографии и видеа од влегувањето на рускиот претседател во ледената вода на Водици, што беше неизбежна традиција во претходните години.

Инаку, „Chroma ki“ (фотомонтажа) е техника на визуелни ефекти што се користи за промена на позадината зад личноста во кадарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: