НАТО останува посветен на обезбедувањето поддршка на Босна и Херцеговина за нејзиниот евроатлантски пат. Секоја земја има право да избере свои безбедносни аранжмани, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во посета на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина.
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавци
- Ја поставил љубовницата за кралица, чекал повеќе од 7 децении за да се качи на тронот: Кој е кралот Чарлс III кој го промени курсот на британскиот двор (фото)
- Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната година
- Владата ги заборави лицата со попреченост – се крати од лицата со попреченост
- Голем пресврт во Киев: Украина размислува да отстапи дел од територијата?
Шефот на НАТО денеска имаше средба со претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.
„Разговаравме за безбедносната ситуација во Босна и Херцеговина и во регионот. Сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на вашата земја. Загрижени сме поради сецесионистичката реторика и надворешните влијанија, особено од Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора да работат за единство и напредок. Тоа ни е исклучително важно и ние сме посветени на ситуацијата во овој регион. НАТО со години е посветен на стабилноста во вашата земја“, рече Столтенберг на прес-конференцијата по средбата со Кришто.
Тој, исто така, нагласи дека НАТО и неговите сојузници остануваат посветени на мировната мисија ЕУФОР во Босна и Херцеговина.
– Поддршка на мисијата Алтеа
„Затоа, ја продлабочуваме нашата соработка и нашиот политички дијалог и практична соработка. Седиштето на НАТО во Сараево ѝ дава поддршка на мисијата Алтеа на Европската Унија. НАТО и сојузниците остануваат посветени на успехот на таа мисија и ја поздравуваме одлуката на Советот за безбедност на ОН за продолжување на мисијата“, додаде тој.
Столтенберг истакна дека НАТО-алијансата силно ги поддржува реформските напори на Босна и Херцеговина.
„Тоа ќе ги зајакне вашите способности како одговор на природните и други катастрофи и во киберодбраната. НАТО останува посветен на поддршката на БиХ за нејзиниот евроатлантски пат. Секоја земја има право да избере свои безбедносни аранжмани без надворешно мешање. Особено сакам да ја пофалам Босна и Херцеговина за нејзините успеси што ги постигна на патот кон Европската Унија“, рече Столтенберг.
– Балканска турнеја
Столтенберг вчера пристигна во главниот град на БиХ, каде што е во дводневна посета, при што ќе се сретне со голем број претставници. Тој беше пречекан од членовите на Претседателството во главниот град на БиХ.
Шефот на НАТО-алијансата по денешната средба со Кришто се сретна и со високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, а предвидени се и средби со воени и меѓународни претставници во базата на НАТО во Бутмир.
Покрај Босна и Херцеговина, Столтенберг по Сараево патува за Косово каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти и со претседателката Вјоса Османи.
По Косово, Столтенберг ќе има средба во Белград со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот Александар Вучиќ во рамките на неговата балканска турнеја, а посетата на регионот ќе ја заврши со Северна Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.