Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици поради поддршката на Русија во војната со Украина






Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Кина треба да се соочи со последици за нејзината поддршка за Русија во војната против Украина, наведувајќи дека е премногу рано да се зборува за какви мерки станува збор.

Столтенберг во Отава рече дека НАТО треба да започне да ја оценува таа опција бидејќи, како што рече, не е одржливо Кина да продолжи да ги поттикнува најголемите безбедносни закани за членките на алијансата, особено во Европа, јави Си-Би-Си.

Столтенберг истакна дека постои зголемена загриженост за зголемената соработка меѓу авторитарните држави.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: