Во медиумите денеска се појавија фотографии и реакции од КК Аба концесионерот и претседателот Сашо Масев за состојбата во салата Парк во општина Струмица.
Неодамна Сашо Масев кој е претседател на здружението КК Аба кој стопанисува со салата се пофали со фотографии дека салата е реновирана и дека има услови ОК Струмица достојно да се престави на Европскиот Одбојкарски куп, но реалноста е сосема различна.
Револтирани граѓани испратија реакција и фотографии дека повеќекратниот шампион во одбојка на Македонија не заслужува да игра во катастрофално лоши услови и кои се срам за било кое натпреварување.
„Сите надлежни институции и концесионерот имаа доволно време да реновираат или инвестираат во салата. Срамно е шампионот во одбојка да игра во вакви услови и во домашното натпреварување, а камо ли на престижно европско натпреварување, каде што очекуваме и гости, навивачи, но и инспектори кои ќе имаат увид во условите“ – се вели во реакциите.
“Во одморалиштето Цар Самоил не смени ниту шајка и го продаде за многу пари, а сега ни е страв дека така ќе направи и за салата.
Салата му е дадена за 350 евра месечно, односно простор од 3500 квадрати за 350 евра месечно”. велат струмичани.
Човекот “шурува” со сите партии и успеа на чуден начин да се стекне со концесионерство, но не инвестира ништо, а никој не го контролира дали и по кој основ воопшто ја заслужува концесијата, освен што отвори игротеката Play и продава храна која се прави и се послужува во спротивност на сите санитарни услови и е редовен извор на бактерии и болести.
„Слободно може да проверите во Санитарниот инспекторат колку пати биле во угостителско забавниот објект по поплака од затруени граѓани, а објектот е дел од салата“ – продолжува реакцијата пратена до медиумите.
Треба да се провери што направиле Масеви за спортот во Струмица и дали има некаков непотизам, брат му на Сашо Масев е спортски директор една од значајните спортски федерации во Македонија. Колку инвестирале и каде??
За да ги задоволат можните криминални шеми, дадена е концесија, но не е ништо инвестирано, напротив, салата се распаѓа и се расподава.
Можеби е подобро да бидеме достојни домаќини на друга локација е реакцијата на граѓаните кои реагираа до медиумите и испратија фотографии од катастрофалната состојба.
Во продолжение повеќе фотографии од ужасната состојба од салата:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.