Студено време со повремен дожд, температури до 15 степени

Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови (над 20 l/m2).

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 13 степени, а дневните во интервал од 5 до 15 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд.
Од утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на температурата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.