Стјуардеса од Австралија стана популарна на социјалните мрежи споделувајќи го своето инспиративно искуство со слабеење, откривајќи дека успеала да изгуби 100 килограми.
Надин Мекги е своевидна ѕвезда на ТикТок, а во нејзините видеа на оваа платформа, откри дека изгубила преку 100 килограми преку баријатриска операција.
Неодамна ја добила и својата „работа од соништата“ како стјуардеса, за која чувствувала дека претходно не можела да ја работи поради нејзиното здравје.
Компанијата Qantas не бара кабинскиот персонал да има одредена тежина, но услов е „одлично“ ниво на здравје и кондиција.
Нејзините видеа и објави станаа вирални на ТикТок, откако таа ја сподели својата трансформација со следбениците, како и новостите за тоа како оди нејзината нова работа.
„Се борев со флуктуации на тежината и прејадувањe/пореметување во исхраната, откако знам за себе. Ми требаа една година и четири месеци за да ја достигнам посакуваната тежина и сега два месеци подоцна сè уште учам и работам на одржување на здравејто и балансиран однос со храната“, вели таа во една од своите објави на Инстаграм.
Мекги признава дека најтешкиот дел од нејзиното слабеење досега, е да научи умерено да ужива во нејзината омилена храна, без чувство на вина, откако со години се борела со прејадување.
„Мислам дека тоа е нешто на што ќе морам да работам до крајот на мојот живот, но јас сум во ред со тоа“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.