Судењето за „Рекет” продолжува со изведување материјални докази

Судењето за „Рекет“ денеска продолжува со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за организиран криминал. Судскиот процес против Бојан Јовановски и Катица Јанева влегува во нова фаза откога заврши презентацијата на сведоци од страна на обвинителството.
На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.


Претходно, во овој предмет сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.