Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.
- In memoriam: НЕСТОР ОГИНАР – ЧОВЕК ОД РАНГ И РОДОЉУБ
- (Видео) ЕРДОГАН ДАДЕ КOШ: Публиката аплаудираше
- Дунав поплави село во Србија: Куќите полни со вода, струја нема, до местото се стигнува само со чамец!
- Гинеше за Кометал и за Македонија: Лариса Кисељева се соочува со тешка животна битка за да ја спаси својата ќерка!
- Нема македонски граѓани кои барале евакуација од Либан
- Се најавува ново поскапување на цигарите
- Слика пржени јајца и од тоа живее
- INFOMAX.MK
- Мојот сопруг ја прифаќа мојата слобода да бидам со други мажи
– Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи, стои во соопштението од Кривичен суд.
Причина за одлагањето, како што констатира Судот, е тоа што Јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием.
– Присутен на расправата беше адвокат на обвинетата, ангажиран од семејството, со уредно полномошно, дополнуваат од Кривичен.
Според обвинението, обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59 760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.