Татковците на Ивана Богуновиќ и Миодраг Јовичиќ, кои со Сара Лолиќ и Тања Лацковиќ настрадаа вчера утрото во страотна сообраќајка во околината на Шабац, пред 30 години заедно имале тешка сообраќајна несреќа, и тоа во непосредна близина на местото на кое се случи трагедијата.
Да потсетиме, трагедијата се случила околу пет часот наутро во селото Табанович кај Шабац, а во неа животите ги изгубија четворица млади луѓе. Автомобилот го возела Маја Лолиќ, сестра на загинатата Сара, која е пренесена во болницата во Шабац.
Ивана и Миодраг, чии татковци учествувале во слична несреќа пред 30 години, живеат во соседното место Мачвански Прчиновиќ, каде соседите на новинарите на “Блиц“ им раскажале за морничава коинциденција.
– Тука беше таткото на Ивана, Драган Богуновиќ, кој сега работи во Германија. Бил во автомобилот со таткото на Миодраг, момчето кое загина заедно со Ивана. И тој бил повреден. Раскажуваа дека Драган го извлекле и го ставиле на автомобилот за да му ја зачуваат кичмата. Ете, сега нивните деца загинаа заедно, раскажале соседите.
Настраданите Сара, Миодраг, Тања и Ивана, како и повредената Маја биле неразделни пријатели. Сите го чекале ова лето за повторно да се соберат и за два дена да го прослават полнолетството на Сара.
Тешката сообраќајна несреќа се случила кога, од засега неутврдени причини, автомобилот “Форд Фијеста“ со шабачки регистарски означи излетал од патот и удрил во електричен столб. Од силата на ударот столбот е откорнат од земја.
Групата млади луѓе се враќала од ноќен провод, а која е причината за страотната несреќа ќе утврди истрагата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.