Сутлијаш со малини

Потребни состојки:
600 мл млеко
125 г ориз
125 г малини
2 лажици мед
Половина лажичка цимет
Листови свежо нане
Начин на подготовка:


Сипете го млекото во сад, а потоа загрејте го. Додајте го оризот и варете на умерена температура околу 30 минути, односно додека оризот да биде готов.
Повремено мешајте за да не се залепи оризот. Додајте половина од малините, изгмечете ги и промешајте. Потоа додајте мед и цимет и повторно измешајте. Ставете го сутлијашот во чаши, украсете со листови малина и нане. Послужете откако ќе се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.