Сѐ повеќе инциденти во Војводина

Претседателот на Скупштината на Автономната покраина Војводина, Иштван Пастор му упати отворено писмо на премиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во кое изразува длабока загриженост за влошувањето на безбедносната во оваа српска покраина по низата инциденти од кои некои се карактеризирани како меѓуетнички судири, пренесува во саботата новосадскито дневен весник Дневник.

„Длабоката загриженост ја предизвикува фактот дека институционалните механизми за заштита на личната и имотната безбедност во Автономната покраина Војводина, не функционира, навел Иштван Пастор.
 Пастор натаму во отвореното писмо од премиерот Ивица Дачиќ, од кој побара конкретни мерки на владата на Србија и министерството за внатрешни работи поради „остварување на правата на граѓаните на живот и безбедно опкружување и спречување на меѓунационалните инциденти”.
 Претседателот на војводинската скупштина потсетува дека мината седмица се случија низа инциденти кои го нарушија чувството на сигурност на жителите а Нови Сад, Темерин, Бечеј и Суботица, при што укажува дека „стравот и несигурноста станаа дел о секојдневието на Војводина”.
 Во местото Темерин пред неколку дена биле претепани три момчиња од унгарска националност, од кои еден е потешко е повреден, кои ги нападнала група ‘пцуејќи им ја мајката унгарска на српски јазик”, пренесоа војводинските медиуми.
 На тоа реагираше и владата на Унгарија која побра да се преземат „одлучни чекори” за давање на безбедност на унгарското малцинство во Војводина.
 На тепачката во Темерин претходеше меѓуетнички судир во Бечеј, каде беше скршена таблата на Словачкиот културен центар, а во Нови Сад уште владее „војната на графитите” по прашањето на автономијата на Војводина.
 „Сите овие околности може да доведат до самоорганизирање на граѓаните на Војводина поради елементарна заштита на нивната лична безбедност, што нужно води во уште по ризични ситуации”, соопшти по овие инциденти Лигата на социјалдемократите на Војводина.
 
Оваа партија во соопштението го критикуваше српскиот премер Ивица Дачиќ што 18 месеци ја игнорира нејзината иницијатива за формирање Полициска управа за Војводина, за да овозможи децентрализација и подобра координација на министерството за внатрешни работи на Србија
Макфакс
Претседателот на Скупштината на Автономната покраина Војводина, Иштван Пастор му упати отворено писмо на премиерот на Србиј

Пронајдете не на следниве мрежи: