Увидот за причините на падот на хеликоптерот М17 на МВР сѐ уште трае.
Утрово во 11,30 часот на скопскиот аеродром, веднаш по полетувањето падна хелокоптерот со пет лица внатре. Полесно беше повреден само еден од пилотите на леталото. За причините за несреќата допрва ќе се истражува. Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило. Пожарникарите спречиле избувнување пожар од превртениот хеликоптер.