Таа знаела за 8 афери на својот маж, а потоа пред камери и призна дека спиел со 341 жена

Американката Бренди Максијел доживеала потполн шок кога нејзиниот сопруг во живо во емисија на национална телевизија открил дека ја изневерил со 50 жени.
Само еден акт на неверство во врската може да биде доволен да дојде до емотивен крах и разделба, но што да се прави кога ќе дознаете дека вашиот сопруг ве изневерил со повеќе од 50 жени?
Бренди и Џејсон почнале да се забавуваат уште како тинејџери, а се венчале во 2009-та година, после 17 години врска. Во бракот го добиле синот.
Во текот на осум години брак, Џејсон, поранешен кошаркар, како што признал во емисијата сопругата ја изневерил со повеќе од 50 жени.

Брачниот пар Максијел во емисијата се појавил со намера да пронајде решение за се почестите несогласувања кои го потресувале нивниот брак, а се поради проблемите на Џејсон со пиењето, како што мислела Бренди.
Госпоѓата Максијел раскажала дека знае дека нејзиниот сопруг во текот на осум години брак имал осум афери, но потполно се шокирала кога го слушнала неговото признание, дека ја изневерил со повеќе од 50 жени.
Скршена од болка и засрамена пред милиони гледачи, Бренди во солзи го напуштила студиото.
Во одвоено интервју, поранешниот кошаркар откри дека во животот спиел со 341 жена, но додава дека не е сексуален зависник.

-Во тоа време беше лесно да се направи такво нешто, да би се задоволил. Не знам дали барав нешто друго во тоа или пробав да примам нешто друго низ тоа, но го направив тоа, кажал Џејсон.
Сепак, изгледа дека и покрај се љубовта победила и дека Брендон и Џејсон ја пребродиле оваа непогода која им го разнишала бракот.

 

View this post on Instagram

 

My baby boy is not a baby anymore ???‍?…#theygrowsofast #mysadface

A post shared by Brandi Maxiell (@brandimaxiell) on


Бренди на својот Инстаграм профил, минатиот месец објавила дека прославиле девет години брак.
-Вистинските врски се кога ќе се скарате како непријатели, кога се смеете како најдобри пријатели и кога се сакате како сродни души, напишала Бренди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.