Таа има 19, а тој 38 години: И дава 1.000 евра да одат на кафе, а и купува и скапи подароци – тврди дека немале односи

Се повеќе млади жени пронаоѓаат постари богати мажи кои можат да им го овозможат луксузот за кој сонуваат.
Една од нив е и Џема, девојка која има 19 години, додека нејзиниот спонзор има 38 и ја опсипува со подароци, а и дава и 1.000 евра месечно само пари. За возврат, таа се состанува со него еднаш месечно и повремено се слушаат преку телефон.
-Неговата работа е врзана со патувања па нашата врска опстанува преку телефон. Ние никогаш не сме биле интимни, вели таа.


Кога тој е во посета тие одат на кафе или на ручек или ја води во шопинг. Тогаш тој и купува што ќе посака, скапа облека, накит и многу друго што.
-На почетокот тешко беше да ги прифатам подароците. Ме тераше да му пратам листа со желби, па тој да ме изненади со неколку работи кои би ми ги купил од таа листа, вели Џема.
Таа студира архитектура, а вели дека тој секој месец и праќа 1.000 евра како би имала пари до следната нивна средба. Таа има голема страст кон модата и добрата храна, па овој договор и одговара. За нејзината врска вели дека не е во прашање деловна придружба и проституција. Својот спонзор го запознала преку познат сајт за спонзоруши, но веќе не е активен член затоа што има свој спонзор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.