Кога ја држеше во твоите раце, таа ти кажа дека ќе те сака со цело срце и душа, без оглед на сѐ. Кога ја погледна во очи, таа си вети дека никогаш не да ја заборави таа искра во твојот поглед. Но, некако ти како погрешно да го сфати тоа „без оглед на сѐ“. Мислеше дека таа никогаш нема да престане да те осипува со љубов и внимание без оглед на тоа како се однесуваш со неа. Мислеше дека што и да правиш, нејзиното срце ќе чука за тебе. Но, вистината е сосема поинаква.
Таа никогаш не престана да те сака, таа само престана да го покажува тоа. Нејзиното срце е огромно поле полно со љубов и таа не се откажува лесно од љубовта. Таа се грижи за љубовта, ја негува, ѝ помага да расте. Но, кога нејзиниот труд е залуден, кога нејзините очи ќе се изморат од плачење, кога нејзиното срце ќе се исплаши, таа престанува да го покажува тоа. А знаеш зошто?
Затоа што таа премногу долго беше силна и повеќе нема сила да се бори за љубов на која не ѝ е судено. Таа повеќе не може да се бори за нешто коешто постојано ја повредува, дури и кога сѐ уште ја има способноста несебично да сака. Нејзиниот ум ѝ вели дека преминати се сите граници. И тогаш сфати дека без оглед на тоа што се случува, таа нема да престане да те сака, но ќе престане да ти го покажува тоа.
Таа секогаш ќе го помни секој бакнеж, секоја солза, секоја прегратка и секој збор, но таа никогаш повторно нема да те бакне, да плаче за тебе, да те прегрне или да те чуе што имаш да кажеш. Таа не престана да те сака, но одлучи дека е време да се сака самата себеси. Таа секогаш беше тука кога беше потребно, но ти никогаш не беше покрај неа. Таа секогаш даваше сѐ, а ти само примаше љубов, без да дадеш нешто за возврат. И таа добро го знае тоа.
Таа се бореше сѐ до последен здив, сѐ додека не сфати дека сѐ е залудно и дека нема поента повеќе да се бори. Можеби го имаш нејзиното срце, но никогаш повторно нема да ја имаш неа. Кога еднаш ќе си замине, никогаш не се врти назад. Може да се превртиш и на глава, но ништо нема да ја врати. Доволно долго чекаше да се промениш, но ти беше премногу зафатен мислејќи дека таа ќе те трпи секогаш, без оглед на тоа како се однесуваш.
Таа не се кае за ниту еден миг, но знае дека е време да ги затвори претходните поглавја и да почне да пишува нова книга, книга во која ти повеќе не си главен, а ниту спореден лик.
Можеби го имаш нејзиното срце, но никогаш повеќе нема да го имаш нејзиното присуство. Можеби го имаш нејзиното минато, но никогаш нема да ја имаш нејзината иднина.