Пејачката Александра Пријовиќ на својот Инстаграм профил објави тажни вести во врска со член од нејзиното семејство.
Станува збор за нејзиниот дедо кој вчера починал, а по тој повод пејачката се огласи на Инстаграм.
-Мил мој дедо, вчера си замина…многу ќе ми недостигаш…не можам да ти ја опишам оваа тага…се надевам дека таму негде ќе ти биде подобро и дека ќе те чуваат ангели…те сака твојата внука најмногу на целиот свет, дедо мој…засекогаш, стои во прошталната порака на Пријовиќ.
Инаку во петокот Пријовиќ и Филип Живојиновиќ прославија една година од брак откако лани на 21 јуни се венчаа на гламурозна венчавка.