In Memoriam:
На 91 годишна возраст почина Илија Андонов Ченто син на Методија Андонов Ченто, роден 07.10.1932 година.
Беше министер без ресор во првата влада на независна Македонија.
Истакнат Градежен инженер.
Во 1990 година, на барање на Илија Андонов-Ченто, е обновен судскиот процес против неговиот татко Методија Андонов Ченто и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.
Беше голем патриот и борец за независна и самостојна Македонија.