Сигурно многумина се прашуваат како ли изгледаат едни од најпознатите туристички атракции во Европа откако е воведена забраната за движење поради пандемијата со коронавирусот.
Ова утро познатата катедрала Дуомо во Милано речиси е празна, а сликата покрај дождливото време таму е тажна.
Бисерот на Милано ова утро е речиси осамен, а од време на време поминуваат само тамошните жители на градот, додека туристите само преку фотографии се присетуваат на посетата на овој град и плоштад.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.