ТАМАРА СО НОВ ВИДЕО ЗАПИС И КОНЦЕРТ ВО КОЛОСЕУМ

На само два дена пред големиот концерт во летната дискотека „Колосеум“, Тамара Тодевска на денешната промоција во кафулето „Кала“ ги пречека пријателите, колегите, новинарите и обожавателите на кафе и дружба, како и промоција на нејзиниот најнов видео запис.
Со брз и остар ритам, „Само сакам да“ е дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, додека пак за текстот на новата песна се потпиша познатиот рапер Тони Зен.
Како и за „Залудно е“, ексклузивката на „Горила продукција“ повторно соработуваше со режисерот Владимир Дади Илиевски.
– Со Тамара соработуваме одамна, не само на видео записите и затоа доволно сум опуштен да ги тестирам границите на креативноста и се она што може да го изработиме заедно – вели режисерот Владимир Дади Ивановски.
Во спотот, кој се снимаше во салата на „Сити хол“, најмногу внимание му е посветено на квалитетната и врвна фотографија и во него преку интересните костими на Ивана Књез и Мила Кадриу, како и шминката на Арменд Рамадани, се изразува уште една дива и ексцентрична страна на Тамара.
Со „Само сакам да“, ексклузивката на „Горила продукција“ го најавува нејзиниот следен албум, а веќе во сабота, 6-ти јули, во летната дискотека „Колосеум“, Тамара во друштво на повеќе од 8 музичари кои ќе ја придружуваат на сцената, ќе ја потсети публиката на нејзините најголеми хитови, како и сите нови музички проекти.
На големиот солистички концерт кој како специјални гости ќе се појават нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов.

 На само два дена пред големиот концерт во летната дискотека „Колосеум“, Тамара Тодевска на денешна

Пронајдете не на следниве мрежи: