Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ – Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што вчера се одржа во Солун. Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија.
-Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација, информираат од ТСК „Ритам Плус“.
Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло- возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата – латиноамерикански танци, соло – возрасни.
Ана Колевска го освои второто место во категоријата – латиноамерикански танци, соло – пионери2.
Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки – млади младинци и четвртото место во стандардни танци.
Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група – пионери2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци.
Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.