Во периодот од 22.20 часот на 29.05.2021 до 01.00 часот на 30.05.2021, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од с.Боговиње.
При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите(14 странски државјанки и четири македонски државјанки).
За 11 странски државјанки(осум од Албанија, две од Косово и една од Украина) било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.