Таравари: ВМРО-ДПМНЕ има рок до јануари 2025 година за уставните измени!

Арбен Таравари во Клик Плус изјави дека до јануари 2025 година ќе се прават уставни измени, во спротивно ВЛЕН ќе излезе од Влада.

„Си дадовме услов до јануари 2025 година да се направат уставните измени. Гледам дека еден од политичките аналитичари вели дека: „Рековте ли дека ќе ја условувате Владата ако не се направат уставните измени да излезете од Влада?“. Еве, хипотетички ви велам, Алијансата не е во Владата? Еве, ВЛЕН не е во Влада? Можеме ли ние Албанците сами да ги направиме уставните измени? Еве господинот Ахмети вели напуштете ја Владата и ВЛЕН решава да го послуша и ја напушта Владата. Но, што правиме? Каков е резултатот од тоа? Знаеме, но и премиерот во Собранието рече дека има постојан притисок. Господине, кажете ни што ќе се случи ако излеземе од Владата? Дали имате план? Велите дека не влегувате во Влада, ВМРО и ЗНАМ се, но без Албанците не може да има Влада. Практично може да има затоа што имаат над 60 пратеници со ЗНАМ. Но, колку ова ќе биде функционално? Господинот Ахмети не е јасен. Ајде да седнеме со ВЛЕН и да му кажеме дека тоа е планот. Така излегувате, ние влегуваме, не влегуваме… Постојано носиме луѓе да лобираат ДУИ да влезе во Владата, ова изгледа парадоксално“, рече Таравари и додаде „дека ДУИ на средбите со граѓаните покажува дека има нема план“.

Пронајдете не на следниве мрежи: