Таравари: Сигурен сум дека оваа Влада ќе ги започне преговорите со ЕУ

Арбен Таравари вели дека е сигурен дека оваа Влада ќе ги почне преговорите со Европската унија.

-Никогаш не би бил дел од владата, доколку не гледам реформи, промени и напредок на државата, во тоа да сте сигурни. Јас се радувам дека во Македонија се случува комплетна промена на власта по 22 години. Во 2002 година дојдоа ДУИ и СДСМ на власт и отидоа во опозиција ДПА и ВМРО. Сега по 22 години повторно двете партии од власта одат во опозиција, што навистина остава простор за вистински реформи и напредок на државата. Јас сум сигурен дека оваа влада ќе ги започне преговорите, рече Таравари.

Според него, на Македонија ѝ треба нов Устав и дека штом Владата ќе ги почне преговорите, треба да се отвори дебата и за промена на Уставот.

Пронајдете не на следниве мрежи: