Татко од Велес му се заканил на синот дека ќе го убие – итно заврши во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Во големите пожари во Лос Анџелес изгоре и вилата на екс-напаѓачот на Арсенал
Поранешниот напаѓач на Арсенал, Карлос Вела е последниот во низата познати личности на кои им настрада куќата во големите пожари кои го погодија Лос Анџелес. Сопругата на Вела откри дека нивната …
Скандал на погребот на Џими Картер! Ова е видеото за кое сите зборуваат, а главни актери се Меланија, Трамп и една жена (ФОТО/ВИДЕО)
За првпат по четири години, новоизбраниот претседател Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Мајк Пенс беа во иста просторија. Трамп и Пенс дојдоа со своите сопруги на погребот на поранешниот американски претседател …

Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.