Иако долги години повеќе не живее овде, доживеа голема тpа-гeдиja, сепак Сара и понатаму ја носи татковината во срцето и сега го докажа тоа.
Сара Трајковска, ќерката на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски одамна ја напушти нашата земја и живее и работи во Америка.
Трајковски беше вториот претседател на Македонија.
За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.
Но, неговиот мандат за жал, заврши кобно.
Трајковски пo-чинa на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар.
Зад себе ги остави своите две малолетни деца Сара и Стефан како и сопругата Вилма Трајковска.
По згаснувањето на неговиот живот сопругата Вилма и нивните деца целосно се повлекоа од јавност.
Сара е активна на социјалните мрежи, каде може а видиме каде е и што прави.
Таа порасна во вистинска убавица, а живее во во Њујорк каде студираше на еден од најпрестижните Универзитети. Нејзиниот татко дефинитивно би бил горд на неа и нејзините успеси.
Не се експонира во јавност, таа е само обична девојка која дури и во Америка во себе ја носи љубовта и споменот на Македонија и нејзиниот татко.
На својот Инстаграм профил сподели фотографија од татко ѝ и изрази љубов кон својата татковина.
Иако долги години повеќе не живее овде, доживеа голема тpа-гeдиja, сепак Сара и понатаму ја носи татковината во срцето и сега го докажа тоа.
„И покрај сѐ… И јас верувам во Македонија“, напиша Сара.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.