Таткото на 36-годишната Меган Маркл, Томас Марк за британската телевизија „Добро утро, Британија“ дал ексклузивно интервју за односот меѓу неговата ќерка Меган и принцот Хари.
Во тоа интервју за кое добил 7.500 фунти, таткото на војвотката од Сасек раскажал зошто пред кралската свадба земал пари за лажните папараци фотографии, објаснил дека навистина болест го спречила да ја испрати ќерката до олтар, но напоменал и дека со Хари имал можност телефонски да разговара за надворешните политички односи меѓу Америка и Британија.
Тој пред сѐ се пожалил дека од Меган де добил ниту честитка за Денот на татковците и додал дека со интервјуто не навредил никој.
Извори блиски до Томас тврдат дека тој е сега под стрес, бидејќи смета дека можеби со интервјуто ги измешал работите во дворецот и ја загрозил позицијата на ќерка му.
Кралското семејство не се изјаснило јавно, но извори велат дека во палатата во Кенгсингтон биле и повеќе од бесни после интервјуто.