Татјана е со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.
За „Убавина и здравје“, Стојановска го откри својот рецепет за убавина и како се грижи за својата кожа.
Отсекогаш сум водела сметка за изгледот и сум го негувала лицето. Со оглед на фактот што долги години работам во телевизија, а моето лице е подложено секој ден на тешка шминка, редовно го чистам и правам пилинзи, користам креми и препратати на природна база и редовно одам на козметички третмани. Сега за сега не сум направила ниту една естетска корекција, третирам природен изглед, но тоа не значи дека имам нешто против пластичните операции“, вели презентерката.
Ако го разгледате нејзиниот „Инстаграм“ ќе забележите дека Татјана секогаш изгледа модерно, урбано, дамски.
Стојановска стана заштитно лице на еден бренд за женски крзнени бунди.
За потсетување, Татјана пред да биде презентерка беше модел и победи на изборот за убавина во 1992 година.