Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Приштина се откажала од своите ставови по прашањето на заедницата на српски општини.Тачи во Собранието на Косово, каде што пратениците ги информирал за дијалогот со Србија, рекол дека основа на разговорите се Уставот и законите на Косово, како и планот на Марти Ахтисари.Тачи додал дека за време на последната рунда разговори со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел не бил постигнат компромис, но дека и натаму е оптимист по прашањето на успехот на дијалогот.Српскиот претседател Николиќ во понеделник, по разговорот со високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Кетрин Ештон, рече дека Приштина попуштила и дека двете страни се блиску до договор.
МакфаксКосовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Приштина се откаж