Тајната на беспрекорниот изглед на Џеј Ло се крие во овој список на исхрана

Џенифер Лопез има 52 години и е во совршена кондиција, полна со елан и животна радост…
Некои од луѓето ќе кажат дека нејзе ѝ е лесно да биде згодна и затегната поради тоа што има огромно богатство и цел тим луѓе кој работи за неа.
Тоа секако дека е точно, но не треба да се заборави дека за добриот изглед потребни се повеќе работи од третманите за убавина и дека тој не може да се постигне само со седење дома.
Џенифер Лопез е позната како ѕвезда која од првиот ден од својата кариера не го сменила личниот опис ниту пак претерувала со естетските зафати.
Сите кои барем еднаш гледале некој нејзин настап, убедени се колку таа е затегната и колку кондиција има.


За да може да го изведе тоа што го прикажува на сцена, Лопез поминува многу време во теретана, напорно вежбајќи. Интензивната физичка активност го следи и нејзиниот режим на исхрана.
– На чинијата секогаш доминира органски зеленчук, како брокули, кељ и спанаќ.
– Јаде помалку термички обработена храна, најчесто свежа за да може да се сочуваат сите хранливи состојки.
– Избегнува јаглехидрати, а исклучок се компирот, кафеавиот ориз и овесната каша.
– Најмногу енергија добива од протеините, најчесто од бело мисиркино месо, пилешки гради, говедско месо и риба.
– Јаде многу јаткасти плодови.
– Избегнува вештачки шеќер и индустриски производи.
– Внесува минимум седум чаши вода дневно.
– Пие само бескофеинско кафе.
– Не пие алкохол.
– Секогаш со себе носи ужина од овошје или зеленчук, како и протеински шејк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.