Меланија Трамп едноставно не сака повеќе да биде прва дама, пишува Page Six, повикувајќи се на извор близок до Трампови, според кој Меланија склучила договор со Доналд Трамп дека, во случај на негова победа на претседателските избори во САД, таа повеќе нема да да биде покрај него и да ги извршува сите можни протоколарни обврски.Причината за ваквата нејзина одлука е што Барон Трамп наесен ќе влезе на колеџ во Њујорк, а бидејќи младиот човек никогаш не бил далеку од мајка си и татко му, Меланија решила предност да му даде на синот, а не на сопругот.-Барон ќе учи во град со демократско мнозинство, па мајка му е загрижена како ќе се снајде таму и тоа сам. Тој оди во непознат град, со дополнителен потенцијален стрес да биде син на Трамп, па Меланија ќе биде со него што е можно повеќе за полесно да се приспособи – вели извор близок до семејството Трамп, кој ја опишува Меланија како екстремно заштитничка мајка која ја отфрлила идејата нејзиниот син да се појави како републикански делегат на републиканската национална конвенција на Флорида. Да потсетиме дека во мај, кабинетот на Меланија Трамп со жалење ја отфрли понудата на Републиканската партија на Флорида, Барон да биде нивен пратеник.– Иако на Барон му е чест што Републиканската партија на Флорида го избра за свој делегат, тој не може да се согласи на тоа поради претходно преземени обврски – пишувало во соопштението испратено од кабинетот на Меланија.Page Six понатаму наведува дека Меланија го сака Њујорк, истакнуваат дека тоа е град во кој се чувствува безбедно и додаваат дека почнувајќи од есента, поголемиот дел од своето време ќе го поминува во кулата Трамп во Њујорк. Што се однесува до Доналд, тој се согласил на сè, според Page Six.– Доналд верува дека сите мајки и сите синови на овој свет ќе ја видат оваа ситуација со длабоко разбирање и ќе разберат како се чувствува Меланија – пишува Page Six, во која се наведува дека Барон е пресреќен поради одлуката на неговата мајка, пренесува Јутарњи.хр.– Отсекогаш бил многу приврзан за својата мајка, која е најзаслужна за тоа што тој денес е пристоен млад човек. Во воспитувањето и’ помогнале нејзините родители, кои се одговорни за тоа што денес Барон зборува и словенечки исто како и англиски. Виктор и Амалија Кнавс го обожавале својот внук, а некои велат дека неговите баба и дедо поминувале повеќе време со него додека растел отколку самиот Доналд – пишуваат американските медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: