Доколку сакате да симнете некој килограм, овој пијалок нека ви биде појадок секој ден.
Познатата холивудска нутриционистка Кимберли Снајдер советувала многу славни актерки за тајните на здравата исхрана, а неодамна објави и книга со 85 рецепти за убавина.
Една од најважните работи која Кимберли им ја советува на нејзините клиенти е конзумирањето на зелено смути кое, не само што дава мотивација за губење на килограмите, туку и ја подмладува кожата, го забавува стареењето и ја зголемува енергијата.
За многу познати ѕвезди ова е единствениот појадок кој го конзумираат со години.
Потребни состојки: 1.5 лажица вода, 1 глава од зелена салата, 3 – 4 стапчиња целер, една рака спанаќ, 1 јаболко, 1 круша, 1 банана, сок од половина лимон.
Напомена: Обидете се да најдете органско овошје и зеленчук.
Подготовка: Добро измијте ги сите состојки, исечкајте ги и измиксајте ги во бледнер. Многу е вкусно!
Овој хранлив пијалок е идеален како појадок за сите оние кои живеат брз живот, а сакаат моќна утринска инјекција на здравје, убавина и енергија. Пијалокот ги топи масните наслаги и ви помага да ја доведете својата линија во ред.