Пеачката Тања Савиќ по неколку месеци молчење, одлучи да ги раскаже сите детали од бракот со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, кој без нејзино знаење во април во оваа година ги однел нивните синови Максим и Џорџ во Австралија, а потоа на Тања и забранил да се слуша со нив.
Тања искрено проговори дека Душан бил склон на пороци, и дека не и се допаѓа таков каков што е да биде пример за нивните деца.
-Секако дека се плашам дека ќе ги придобие децата на негова страна во мое отсуство, затоа што на децата им е многу важна татковската фигура. Нивниот татко им е пример, а не можете од 10-годишни деца да очекувате реално да ја проценат ситуацијата. Додуша, они кога потпораснаа и самите му говореа:„Тато, немој да пиеш“. Им ветуваше дека нема да пие, но зборот си го одржуваше само до првата прилика. Ситуацијата стануваше потешка со тоа што Душан кога ќе се налути, станува многу нападен. Мислам дека сите жени кои што бар некое време поминале со некој кој што е склон на алкохол знаат за што зборувам, изјавила Тања за српските медиуми.