Тања со РОМАНТИЧНА ПОРАКА за Новица – веднаш пристигнаа честитки

Популарната фолк-пејачка му напиша емотивна порака на својот сакан и ги воодушеви сите.

Тања јавно му го честиташе роденденот на својот сакан со емотивна честитка и досега невидена фотографија од нив двајца.
Татјана и Новица Василевски долги години веќе живеат во Мелбурн, Австралија.

Иако овде уживаа голема популарност и беа едни од најангажираните пејачи, сепак, по потрага за подобар живот, тие одлучија да се преселат во далечната Австралија.
Многупати за македонските медиуми имаат изјавено дека патот до успехот воопшто не им бил лесен, но желбата и упорноста биле посилни.

Нивната публика мислеше дека откако тие ќе заминат засекогаш ќе е откажат од музиката, но се покажа спротивното.
Тања и Новица секој викенд настапуваат на различни места низ Австралија.

Вложениот труд се исплатеше, па Новица и Тања купија и куќа во која сега живеат заедно со синовите Петар и Стефан.
Често корисното го спојуваат со убавото и каде и да патуваат умеат вистински да уживаат.

Секогаш се расположени за добра песна и дружба, па на нивните свирки забавата е загарантирана.
Во нивниот дом сега има убава причина за славење.

Новица славеше роденден, па неговата сакана се огласи на Фејсбук.
Тања јавно му го честиташе роденденот на својот сакан со емотивна честитка и досега невидена фотографија од нив двајца.

„Голема е среќата некој да те запознае и да дели моменти со тебе, привилегија е да те гледа, чест е да те сака и да има личност покрај себе како тебе. Среќен роденден“, напиша таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.