Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина…
Извор: Телма
Како што дознаваме веќе е отворена нова група за оваа намена, но на друга социјална мрежа, која се нарекува ДИСКОРД. Младите стануваат се „поинвентивни“ кога треба да се сокријат… Ова е дигитално време…
Инаку социолозите за оваа појава вината ја упатуваат кај институциите и големата употреба на социјалните мрежи од страна на малолетни лица, за што е потребна поголема контрола од родителите. Социологот Илија Ацевски вели дека ширењето на ваквите фотографии може да стане извор на злоупотреба и на малолетниците.