ТВ21 дознава дека вечерашната акција во Чаир и Арачиново е поврзана со членови поврзани со групите Дуќанџик и Арачиново.
Неофицијално како што дознава ТВ21, членовите на тие групи се фатени со употреба на ПИ мерки (посебни истражни мерки), а по разговорите со инспекторите од МВР признале дел од убиствата кои се случија во Скопје изминатиов период.
Како што дознава ТВ21, акцијата првично требало да се реализира во вторник, но во последен момент протекле информации од одредени структури во МВР.
Поради ова, надлежните биле принудени веднаш да изработат нова стратегија за брза интервенција, која била спроведена во текот на денешниот ден.