Вчера во Шабац била уапсена жена која се сомничи дека преку Твитер упатила брутални закани кон ќерката и синот на српскиот претседател Александар Вучиќ. 49-годишната А.Ј.А. тврди дека нема никаква врска со Сојузот за Србија.
По објавата на Вучиќ за посетата на Смедерево и Железара, каде напишал дека тоа било важен ден за Србија, Смедерево и работниците кои работат и живеат во тој град, корисник на Твитер кој е потпишан како “Александризам“ упатил морничава порака кон неговите деца.