Текст на нацрт – аман. XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на РМ. МОРАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ!!

Сакате да знаете како ќе се сменат работите, тогаш морате да бидете информирани и да ги прочитате амандманите на Уставот на РМ. Амандманите со кои се менуваат од корен работите. 
Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на Република Грција.
АМАНДМАН XXXIII
Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
АМАНДМАН XXXIV
Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
АМАНДМАН XXXVЖ
Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3.
АМАНДМАН XXXVI
Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.
Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.
Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.