Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добро или лошо за вашата батерија?

Ваквото полнење на телефонот имало смисла кога на батериите им требало многу време да се наполнат, но во ерата на брзото и безжично полнење, тоа баш и не мора да биде наш прв избор.
Литиум-јонската батерија која денес се наоѓа во мобилните телефони се полни побрзо, а трае подолго од порано. Уште една работа по која се разликуваат во однос на батериите кои порано се наоѓаа во телефоните, е тоа што “не сакаат” да се испразнат до крај и потоа повторно да се полнат до 100 проценти.
Консензусот на произведувачите на паметни телефони е дека батеријата најдолго ќе ви трае ако постојано се наоѓа меѓу 40 и 80 проценти. И тука постои исклучок – се смета дека е добро батеријата еднаш месечно да се испразни целосно, и потоа да се наполни до 100 проценти.
Што се однесува до оптималната температура на батеријата, најдобро е да биде некаде меѓу 30 и 40 степени Целзиусови, а се под или над тоа треба да ви сугерира дека нешто не е во ред.
Исто така, корисниците се советуваат да користат само полнач добиен со телефонот, бидејќи некои поевтини полначи може да го скратат животот на вашиот мобилен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.