Зоран Заев е најпопуларен лидер со над 21 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него. Тоа е два пати повеќе или 14 процентни поени повеќе од Христијан Мицкоски, за кој се произнеле само 7,4 отсто од граѓаните. На бегалецот Груевски му веруваат само 2,7 отсто од испитаниците на анкетата на Телма и МЦМС, што ја направи агенцијата М-проспект.
Следен после Мицкоски е Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.
Она што е голема индикација на политичката криза е дека најголем процент или 39.9 од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар. Ова покажува дека има слободен простор кај неопределените кој е поголем од оној зафатениот на Заев и Мицковски.